Декларација за Демилитаризација и Младите
“Светот е повеќе вооружен додека мирот е помалку поддржан. ” [1]. Според SIPRI2,[2] глобалните воени трошоци изнесуваат речиси 1.7 милијарди американски долари, од кои уделот на НАТО е повеќе од половина.[3] Во текот на следната година неколку милијарди американски долари ќе бидат потрошени на таканаречната модернизација на нуклеарното оружје. Војските завземаат сé повеќе и повеќе ресурси во име на мирот, безбедноста, и слободата. Иако, ова не може да се постигне преку воени средства. Вшусност, воената активност активно штети на напорите за мир. Овие ресурси треба да се искористат за луѓе да бидат обезбедени со достоинствен живот, да се обезбеди образование за младите или пак поднослива идниина. Светот во кој што живееме е неправеден и нехуман, особено кон младите луѓе. Нашиот опшествен модел е заснован на неограничен економски раст, исцрпување на природните ресурси, преголемата доминантност на капитал, структури на доминација, партријархалност, компететивност, насилство, конфронтација, конфликт и војна. Капитализмот и милитаризмот се зајакнуваат, а со тоа се уништуваат темелите на животот. Ова има значајно и долготрајно влијание на младите, на нашите животи и на нашата иднина. Ние мораме да ги трансформираме нашите активности и опшествени структури за да создадеме одржлив мир во светот.
Младите се воена цел во училиштата, универзитетите, религиозните сфери и останати опшествени опкружувања. Задолжителната воена служба се уште постои во многу земји во светот притоа ширејќи насилни и патријархални вредности. Милитаризацијата води кон радикализација и нееднакви односи на моќ во самото опшество. Ние сакаме да се забрани воениот комплекс, кој што шири глобална култура на насилство и нееднаквост во сите полиња. Младите луѓе треба да се развиваат и социјализираат со вредности кои што се базираат на човекови права, родова еднаквост, социјална правда и солидарност помеѓу луѓето.
Ние, учесниците на Меѓународно Мировно Биро – Младински Собир, активно се залагаме за мир и праведна иднина. Ние веруваме дека правдата и мирот се возможни само преку забрана на милитаризмот и капиталистичкиот систем во кој што живееме. Ние мораме да ги надминеме овие две нешта и да развиеме нови системи базирани на мир, човекови права, родова еднаквост, кооперација и одржлив развој. Оттука, ние бараме целосна демилитаризација и трансформациски чекори кон повеќе хумано опшество. Ние повикуваме на промовирање на култура на мир, преку формално и не-формално мировно образование. Образовение кое што промовира интеркултурално знаење, споделени наративи и родова еднаквост. Ние се залагаме за организации, структури и активности кои што имплементираат тренинзи од ваков карактер за младите луѓе. Ние се залагаме за активна инклузија и учевство на младите луѓе во процесот на обликување на одржлива иднина. Ние ќе ја зголемиме нашата меѓународна соработка, солидарност, акции и дискусии на тема војна и мир и трансформирањето на нашето опшество.
Денес ние создаваме Младинска Мрежа под чадор организација на Меѓународното Мировно Биро, повикувајќи на светска конференција за млади, демилитаризација, и трансформација во 2018. „Оние кои што го сакаат мирот мораат да научат д се организираат исто ефективно како и оние кои што ја сакаат војната; „[4] светска конференција е следниот голем чекор кон постигнување на нашата цел за трансформирано опшество. Ние ќе фасцилитираме отворен и партиципативен процес. Ги повикуваме сите актери, индивидуи, групи и организации да ни се придружат и да учествуваат во младинската мрежа на ММБ[5]. Младите сочинуваат повеќе од половина од светската популација и ние навистина веруваме во мир, не-насилство и еднаквост. Ние ќе изнајдеме практични пристапи за градење на здрави, функционални и оддржливи опшества кои што промивираат мир, коегзистенција и еднаквост ширум светот.
Постои иднина без војни, куршуми и пиштоли. Иднина со солидарност, правда, еднаковст и хуманост
Берлин, 2 октомври 2016 година
Забелешка:Декларацијата отсликува дискусии на неколку отворени конференциски повици и викендот за време на ММБ „Светски Конгрес за Разоружување! За Kлима на Мир! – Создавање на Акциски План„. Таа не е сеопфатна туку повеќе е почетна точка за понатамошни дискусии во и надвор од рамките на декларацијата.
[1] Ban Ki-Moon at NPT 2010 Conference at Riverside Church.
[2] Stockholm International Peace Research Institute : https://www.sipri.org/yearbook/2015.
[3] NATO military spending came to 900 billion in 2015. www.nato.int.
[4] Dr. Martin Luther King, Speech at Rally against the Vietnam War, Chicago, 25.03.1967. i.e. http://www.jofreeman.com/photos/KingAtChicago.html.
[5] Меѓународно Мировно Биро/International Peace Bureau